Пародија на младите социјалдемократи од Демир Капија
Објавено на 10 ноември, 2013 во 13:11
Младите социјалдемократи од Демир Капија одиграа фудбалски натпревар на неколку локации во градот, финалниот натпревар го одиграа пред општинската зграда.
Тие на овој начин го изразија револтот поради немањето спортски терени во општината.
“Ние младите воопшто немаме каде да спортуваме. Училишното игралиште е претворено во стовариште, а од долго најавуваната спортска има само ѕидини и бетон обраснат со трева. Од тие причини се одлучивме на ваков сатиричен начин да му укажеме на градоначалникот дека е време да почне да мисли и на нас младите.”-изјави претседателот на СДММ од Демир Капија Трајче Николовски./Б.Н.Т