Одрон на карпа на автопатот кај Демир Капија
Одорн од карпа зафати дел од една коловозна лента на автопатот Демир Капија – Удово на 141 километар од Скопје.
Во моментов екипи на Македонија пат работат нарасчистување на патот, потврди раководителот на реботната единица од Неготино.
-Околните карпи на овој патен правец од мразот беа стегнати, па сега кога огреа сонце дојде до ширење на карпестите делови и нивно одронување. Ние интензивно работиме на нивно отклонување како на овој патен правец така и на останатите патни правци од неколкуте општини кои ги покриваме“ рече Емшов.
Toj потврди дека располагаат со доволно сол и ризла за интервенции во зимски услови и дека будно ги следат состојбите на терен се со цел патиштата кои ги одржуваат да бидат безбедни за движење особено сега во зимски услови иако тоа е нивна обврска која си ја исполнуваат во текот на целата година./Б.Н.Т