Со камион удрил во патарина кај Демир Капија, па избегал
Објавено: 18 јануари, 2021, во 11:35 часот
18.01.2021
На автопатот Демир Капија-Неготино, вчера, на 17.01.2021 во 13.20 часот, кај наплатната станица Демир Капија, товарно возило удрило во кабина за наплата на патарина, по што истото го напуштило местото на незгодата.
На местото на настанот извршен бил увид од неготинската полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Мите Јаначков
