Пријави отпад: Иницијатива во Општина Демир Капија

Објавено на 22 април, 2021 во 09:22

demir kapija

22.04.2021

 Со цел да се спречи несовесното фрлање отпад на територијата на Општина Демир Капија, од денес во функција е фејсбук страницата „Пријави отпад во Демир Капија״  преку која граѓаните полесно ќе можат да пријават на кои места се фрла секаков вид на отпад.

Оваа фејсбук страница е иницијатива поддржана од Општина Демир Капија, со краен резултат, да се стави крај на фрлањето отпад на места кои не се за таа намена, а со тоа да се придонесе за заштита на животната средина и чиста Демир Капија.

На  самата фејсбук страница „Пријави отпад во Демир Капија״, Градоначалникот на Општина Демир Капија Лазар Петров, ги сподели и контакт броевите од инспекциските служби кои целосно се ставаат во служба на граѓаните, а кои се во прилог:

  1. Тони Каранфилов, комунален инспектор – 072 255 520
  2. Спаско Симонов, комунален редар – 072 269 977

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.