Порибување на Вардар кај Демир Капија
Објавено на 13 декември, 2013 во 10:57
Со 110 килограми крап е порибена реката Вардар кај месноста Варница во Демир Капија. Активностите за порибување ги реализира спортското риболовно друштво „Дошница”.
„Ова е второ порибување годинава. Нашето здружение ги има под концесија ловиштата на реката Вардар на потегот од ТЕЦ „Неготино” до урнатиот мост близу селото Градец, рекоа претставниците на „Дошница“.
Рибата е обезбедена од „Акватика” од Неготино, фирма која произведува репродуктивен и материјал за порибување.