Добри практики за поквалитетно инклузивно образование, цел на меѓународна обука  во Италија на наставници од ОСУ „Јовче Тесличков“

Објавено: 15 мај, 2026, во 11:35 часот

Усовршување на вештините на наставниот кадар во две клучни области: развивање на емоционалната интелигенција кај учениците и справување со предизвиците при учење кај децата со посебни образовни потреби се двете области на професионалната обука на тимот на ОСУ „Јовче Тесличков“ од Велес, кој во периодот од 18 до 22 мај, ќе престојува во Палермо, Италија.

Наставниците Радмила Андовска, Милка Петровски, Марија Панчевска и директорот Васко Трајковски ќе  посетат италијански училишта и ќе работат со експерти од организацијата „CESIE EST“, ќе усвојат иновативни методи кои што ќе бидат имплементирани во наставниот процес.

„Со овој проект ја потврдуваме нашата посветеност за создавање на училишна средина во која секој ученик ќе се чувствува прифатен и поддржан. Инвестирањето во компетенциите на наставниците преку европските фондови е директна инвестиција во иднината на нашите ученици“, истакнаа од училиштето. Оттаму додадоа дека по завршувањето на обуката и враќањето во Македонија тимот планира подетално да ги презентира искуствата и придобивките за локалната јавност.

Професионалните обуки се дел на програмата Еразмус+ и на проектот „Inclusive Teaching: Shaping a Brighter Future Through Education“ кој е поддржан и финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност како и ко-финансиран од Европска Унија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.