Дума.мк во живо ќе ја пренесува првата вечер од ИФФ Велес 2023

Објавено на 5 јули, 2023 во 13:50

Вечерва со почеток во 20:30 часот, во амфитеатарот на Младински парк,  започнува 18 издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“.  Градот повторно ќе се закити со титулата центар на народната култура,  обединувајќи ги различностите на ансамблите од Македонија, Хрватска, Словачка, Босна и Херцеговина, Северен Кипар и Мексико.

Свеченото отворање Дума.мк ќе го пренесува во живо преку фејсбук страната на порталот и нашиот јутуб канал. Сите граѓани коишто не се во можност да присуствуваат на манифестацијата, ќе имаат можност да ја проследат атмосферата преку нашите канали.

Првата фестивалкса вечер ќе ја отвори ансамбал Керамичар, а потоа присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат настапите и на учесниците од другите земји.

Во случај на лоши временски услови, фестивалските вечери ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“.

Стефани Манева               

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.