Два пожари се уште ја пеплосуваат шумата во Општина Чашка, се запали вчера и вегетација кај „Пашин мост“ каде огнот се гаснеше и од воздух
Активен е пожарот во село Габровник во Општина Чашка, на планината Бабуна. Центар за управување со кризи известен е од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ Велес дека пожарот од страната на селото ставен е под контрола, додека од страна на село Мокрени, кај место викано „Мокренски јазик“, е активен. На овој терен имаше активни учесници во гаснењето на пожарот и тоа 16 шумарски работници на подружницата „Бабуна“, 30 припадници на Армијата, екипа од неколку луѓе од општината Чашка и четворица пожарникари со едно против пожарно возило на ТППЕ Велес.
„Од страна на градоначалникот на Општина Чашка било поднесено барање за повторно активирање на воздухоплови за двата активни пожари. На истиот пожар беа активирани два хелихоптери од кои првиот беше словенечки, а вториот на македонското МВР. Пожарот не предизвикува опасност, гори покрај сртот. Екипите полека се повлекуваа од вчера вечер од овој терен во Општина Чашка,“ соопшти Центар за управување со кризи.
Но повторно се активираше и вториот пожар во оваа општина. Гори густа и висока вегетација на планината „Голешница“ поточно на врвот „Лисец “ помеѓу селата Горно Јаболчиште и Дреново.
„Локацијата на огнот се наоѓа на многу висок и непристапен терен ,каде што не може да се дејствува од земја ,поради густата и висока вегетација, додадоа од ЦУК.
Исто така, вчера, во 14:55 часот бил пријавен и пожарот кај „Пашин мост“, во близина на поранешна велешка „Порцеланка“ за чие гаснење интервенирале екипи на ЈП „Национални шуми“- Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес, екипа од ТППЕ Велес составена од 12 пожарникари и шест возила, како и екипа на општината Чашка со околу 30 луѓе додека трактори одорување делови од почвата. Во активното гаснење на пожарот се вклучиле и неколку припадници на полицијата од СВР Велес заедно со неколкумина мештани од село Оризари.
„Пожарот продолжи да се шири и кон Општина Чашка и затоа беше пуштен еден авион „канадер“ кој помага во гаснењето од воздух ,“ пишува во соопштението за јавност на Центар за управување со кризи.
Убавка Јаневска