Двајца мажи истепале велешанец поради долг
Објавено на 2 јануари, 2024 во 11:08
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, ги лишеле од слобода дваесет и шест годишните Ј.Ф и Х.М. Според пријавеното, тие на улица „Борис Трајковски“ во Велес, поради наводно претходен долг физички нападнале 31 годишен маж од Велес.
– За настанот е известен јавен обвинител, лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк