Двајца повредени велешани во сообраќајна незгода
Околу 13:30 часот, денеска, на улицата „Индустриска“, пред компанија „Брако“, се случила сообраќајна незгода во којашто се судриле автомобил и мотор. Двајца велешани се полесно повредени.
Според информации на др Елена Коцевска од Итна медицинска помош, станува збор за полесни повреди со коишто пациентите се здобиле и тоа еден со повреда на колк и втор со повреди на стопало, на колк и на кичма.
-Сите се прегледани, мобилизирани и пренесени на Одделение за Ортпоедија при ЈЗУ Општа болница Велес, додаде др Коцевска.
Порпаролот на болница др Елена Левкова Ќулумова соопшти дека повредените добиле соодветна специјалистичка здравствена помош и бидејќи не се здобиле со сериозни здравствени повреди истите ќе бидат пуштени на домашно лекување.
Стефани Манева