Двојна церемонија во велешката касарна – промовирање на нови подофицери и свечена заклетва на 150 војници

Објавено на 24 август, 2023 во 14:25

Сто и педесет професионални војници на АРМ денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес дадоа свечена заклетва дека ќе ги извршуваат обврските и должностите како бранители на татковината Република Северна Македонија и ќе се борат за нејзината слобода и чест. Помеѓу 150 професионални војници заклетва дадоа и 14 жени.

На денешната двојна церемонија, промовирање на новите подофицери и свечена заклетва на професионалните војници, Заменик началникот на генерал штаб – Генерал-мајор Азим Нуредин им честита на сите подофицери и особено им одаде признание на тројцата најдобро рангирани подофицери за нивното залагање и  постигнатиот успех на курсот, додека на војниците им порача да бидат горди што од денеска се дел од најголемото семејство на Армијата на РСМ.

Министерката за одбрана  Славјанка Петровска во своето обраќање пред присутните истакна дека војничката професија не е лесна но е исклучително важна, достоинствена и одговорна.

Новите 120 подофицери во чин водник ги добија своите значки, додека 150 професионални војници ја потпишаа својата свечена заклетва.

Во велешката касарна беа присутни и роднини и пријатели на професионалните војници коишто по потпишувањето на заклетвата им упатуваа честитки, се фотографираа меѓусебе и заедно уживаа во создавањето на нови вредни моменти за паметење.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.