Џипунова Ташова од Велес е добитничка на Признание „Просветен работник на годината“ на Сојузот на просветните работници

Објавено: 11 септември, 2026, во 16:10 часот

Бојанка Џипунова Ташова, наставник по македонски јазик во предметна настава на ООУ „Васил Главинов“ од Велес е добитничка на Признание „Просветен работник на годината за учебната 2025/26 година“ на Сојуз на просветни работници на Македонија. Таа е една од петте добитници на оваа награда, во категорија предметна настава, на државно ниво. Претседателството на Сојуз на просветни работници одлуката ја донело, вчера,на одржана седница и годинешните наградени просветни работници ги објави, денска, на електронската страница.

„Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија во рамки на Сојузот по извршено вреднување на поднесените прилози од учесниците пријавени по Конкурсот објавен на 20.06.2026 год. на веб страница на Сојузот. На тој начин, сите просветни работници беа известени за отпочнување на постапката за прогласување на Просветен работник на годината за учебната 2025/26 година според Правилникот за доделување на награди, признанија и пофалници,“ соопштија од Сојузот на просветните работници.

Бојанка Џипунова – Ташова , годинава, беше прогласена за еден од најдобите наставници и од страна на Општина Велес.

Исто така, Сојузот додели и уште по едно Признание во категориијиите на предучилишно воспитание и на средно образование и пет во категорија основно образование – одделенска настава. Едно од доделените признанија доделено е постхумно.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.