Еден Неготинец со нож им се заканувал на сопруга и на снаа додека втор испраќал заканувачки пораки на поранешна девојка
Објавено на 24 август, 2023 во 11:06

Полициски службеници од ОВР Неготино,утрово, во 4:50 минути, го лишиле од слобода О.Р. (46) од село Пепелиште, неготинско, затоа што во семејниот дом со остар предмет се заканил на неговата сопруга и нејзината снаа. Тој бил задржан во полициска станица.
Исто така, вчера, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода и Б.М.(28) од Неготино затоа што во неколку наврати испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна девојка. Тој бил задржан во полициска станица.
„По целосно документирање на случаите против заканувачите ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк
