Евангелската црква бара трет средношколец за стипендирање

Објавено на 31 август, 2021 во 15:29

По обезбедените стипендии за студенти, Евангелската црква се одлучи да стипендира и тројца средношколци преку обуки на Акдемјата за програмирање во соработка и партнерство со SkillUp Academy – Veles и Диме Зафиров.

Се бара средношколец којшто би се посветил на курсот и има желба да стекне наобразба што во иднина ќе му послужи при студирање или вработување.

Сите заинтересирани средношколци можат да го контактираат пастор Филип Иванов и да се пријават.

Евангелската црква исто така ги повикува заинтересираните донатори да се вклучат во оваа иницијатива за којашто доколку бидат собрани дополителни донации би се избирале и нови средношколци со што би се зголемувал бројот за обука сразмерно со собраните финансиски средства.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.