Фатен крадец и вратен пленот во ист ден кога е извршена кражбата во Велес
Објавено: 24 февруари, 2025, во 15:18 часот
Секторот за внатрешни работи Велес, вчера, успеа да фати крадец и расчисти кражба што се случи неколку часа претходно во градот. На ограбеното семејство во чиј што дом е извршена кражбата вратени му се украдените пари и мобилниот телефон.
„На 24 февруари, во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ј.(44) од Велес. Тој се сомничи дека претходно истиот ден со употреба на сила влегол во куќа во Велес и одзел пари и мобилен телефон. Кај него било пронајдено одземеното и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



