Физички нападната малолетничка во Кавадарци
Објавено: 13 мај, 2022, во 13:25 часот
Четириесет и едно годишниот Р.А од Кавадарци, вчера, во Полициска станица Кавадарци пријавил дека на улица Страшо Пинџур неговата малолетна ќерка била физички нападната од М.С исто од Кавадарци.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



