(фото и видео) Започна 18 издание на ИФФ Велес 2023, полниот амфитеатар доказ дека велешани ја негуваат традицијата
Со песна, игра и громогласни аплаузи започна 18 издание на Интернационалниот фолклорен фестивал во Велес. Полниот амфитеатар во Младински парк, беше доказ дека велешани ја негуваат македонската традиција но и дека ја обожаваат традицијата на другите држави, учесници на овогодинешниот фестивал.
Свеченото отворање на фестивалот започна со игра од најмалите велешанчиња, дечињата од детската градинка „Димче Мирчев“ а по претставувањето на сите учесници на фестивалот химната на државата и на градот ги испеа вокалната солистка Кристина Станишева.
Претседателот на организациониот одбор на ИФФ, Томе Јаневски, со стиховите на Рацин го започна својот говор и свечено го отвори фестивалот.
Првата фестивалска вечер ја отворија играорките од Ансамбл Керамичар со најновата кореографија „Лазарки“ облечени во комплетно нови носии. Веднаш потоа публиката имаше можност да ги проследи настапите и на КУД „Пакленица“ од Хрватска, АФ „Гоце Делчев“ од Македонија, КУД „Младост“ од Босна и Херцеговина“, КУД „Тодор Јанев“ од Македонија, ФА „Бејармуди“ од Северен Кипар, „КУД „Негорци“ од Македонија, ФА „Де Тереон“ од Мексико и ФА „Љубовнан“ од Словачка.
Не пропуштајте ја и втората фестивалска вечер којашто ќе биде отворена со посебно изненадување. Вечерва, со почеток во 20:30 часот, на истата локација, дојдете и уживајте.
Стефани Манева
фото галерија: