Годинава запишани три првачиња повеќе во основните училишта во Велес и околните места

Објавено на 30 август, 2023 во 14:32

Вкупно 471 првачиња ќе го започнат своето образование во основните училишта во Велес и во околните населени места во 2023/2024 година. Бројот на првачиња годинава е зголемен за три деца повеќе, поточно во учебната 2022/2023 година во основните училишта биле запишани 468 првачиња.

Најголем број на првачиња, поточно 139 се запишани во ООУ „Васил Главинов“. Потоа, во ООУ „Блаже Конески“ запишани се 124 деца, во ООУ „Кирил и Методиј“ 69 и во ООУ „Панко Брашнаров“ запишани се 66 првачиња .

Во населените места, во ООУ „Лирија“ во Бузалково запишани се 47 првачиња, во ООУ „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари запишани се 15, додека во ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во Иванковци запишани се вкупно 11 првачиња.

Од Општина Велес информираат дека првачињата и годинава ќе добијат еднократна парична помош во висина од 3.000 денари и додаваат дека родителите немаат никаква обврска да поднесуваат документи или барања до општината бидејќи постапката за добивање на паричните средства ја водат самите општински основни училишта.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.