Голем број дечиња го одбележаа денот на шегата во Велес (фото и видео)

Објавено на 31 март, 2023 во 13:30

Младинскиот парк во Велес, денеска, по повод први април, денот на шегата, беше исполнет со голем број дечиња од велешките училишта и детската градинка. Во гужвата можеа да се забележат снежана, спајдермен, потоа бубамари и пеперутки, кловнови, разни овошја како грозје, по некоја страшна маска па дури и мистер Бин. 

Тие сите заедно облечени во своите омилени маски  и костуми од цртани филмови, продефилираа низ паркот, играа, пееа, добиваа награди, се забавуваа и громогласно извикуваа „Априлилилииии“!

Исто така, со свои точки настапија и Фанинејшн Ентертејмнт.

Организатор на годинешната априлијада е Општина Велес.

Драги дечиња, секој ден исполнувајте го со многу игра и немој никако да заборавите утре цел ден да се шегувате и смеете!

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.