Горела штала во росоманско Крушевица, опожарени 10 грла добиток

Објавено на 9 јули, 2024 во 09:40

Педесет и шест годишниот К.Н од село Крушевица, росоманско, вчера, во 07:55 часот пријавил дека во неговата штала во селото настанал пожар. Пожарот предизвикал штети, поточно опожарени биле бали детелина и слама како и 10 грла добиток.

-Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци, а повредени лица нема, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.

Оттаму додаваат дека увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.