Железницата повторно ограбена!
Објавено на 23 ноември, 2012 во 15:02
Отежнат е железничкиот сообраќај кон населбата Градско бидејќи е украден бакарен кабел што служи за изолација информираат од велешката полиција. И покрај намалената брзина со која се движат возовите сообраќајот не е во прекин велат од таму. Полицијата е во потрага по човекот кој синоќа, околу 17.15 часот од железничката станица во населбата е украден кабелот со должина од 55 м, а се наоѓал на свртницата. Од полицијата информираат дека преземаат мерки за да го пронајдат сторитлот.
Инаку и покрај ригорозните казни сепак чести се кражбите на бакарни каблиод железница. За мал профит крадците често предизвикуваат голема опасност во железничкиот сообраќај кој поради нарушувањето на врските често е во прекин.
