Најден е леш во Вардар кај мостот кај Ногаевци!
Според првичните информации селаните го забележале додека го чистеле брегот и пријавиле во полиција.
Мртов човек донесе на површина реката Вардар кај селото Ногаевци. Оваа информација за Дума.мк ја потврдуваат неколкумина жители кои се наоѓаат на местото. Претпладнево додека багерите го чистеле крајбрежјето од наносите за да може да продолжи санацијата на мостот еден од селаните го забележал лешот. Според првичните информации надолу носи панталони додека на горниот дел од телото е гол. До него е пронајдена и зимска јакна. Според сведочењето на ногаевчани телото не е во распадната состојба. Веднаш е повикана полиција и увидна екипа се очекува да пристигне на местото.
Инаку меќу жителите бргу се раширија сомнежи дека можеби се работи за 38 годишниот Борче Арсов од Градско кој исчезна на 27 декември минатата година. Него последен пат го видела сестра му од каде што заминал од гости облечен во темни тренерки со жолта трака и сива јакна со портокалови траки.\Б.Н.