Во тепачка кај Градско настрада средовечна жена!
Педесет и седум годишната Т.Ј настрада во тепачката што се случила попладнево на нива во близина на сепарацијата на реката Луда Мара кај Градско.
Неа прво и била укажана лекарска помош во здравствениот дом во Неготино од каде ја пренеле на хирушкото одделение во кавадаречката болница.
-„Пациентката има потрес на мозокот, контузија на главата и изгребано лице. Таа во моментов е вон животна опасност, стабилна и контактибилна. Ќе биде задржана на лекување поради набљудување,“ рече началникот на хирушкото одделение д-р Дано Кулев.
Велешката полиција ја потврди случката. Портпаролот Ненко Александров рече дека работат на расфетлување на случајот.
„Според првичните сознанија на полицијата во тепачката учествувале од една страна средовечната жена Т.Ј, која наводно ја предизвикала расправијата поради штета во нива со пченица, а од другата страна соседите, татко и син, педесет и три годишниот Ј.Р и дваесет и четири годишниот Е.Р. Жената им се заканила секира. Истрагата сеуште трае по расветлувањето на тепачката против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ рече Александров./А.Д