Излета југо од стариот пат Градско – Велес!
Возачот, шеесет и едногодишниот К.Ѓ, е жив ,се здобил со полесни повреди но е надвор од животна опасност, рече д-р Силвана Мишкова портпаролот на општа Болница во Велес.
Tој сепак ќе биде задржан ноќва на набљудување на хирушкото одделение. Станува збор за жител на Скопје кој е роден во Велес.
Сообраќајната несреќа во која возачот на југото, сопственост на фирмата Конти Хидропласт, е полесно повреден се случила околу 17 часот на стариот пат од Градско кон Велес, кај Венуле. Возилото од засега неутврдени причини излетало од патот, веднаш под надвозникот, и заринкало во земјата под автопатот. Тоа немаше големи оштетувања освен пукнато предно стакло и скршен дел од браник.
На сообраќајката интервенираше возило за итна медицинска помош, со кое повредениот К.Ѓ беше пренесен во болница, пожарникарско возило и полициска екипа./Б.Н