Дервиша Турковиќ, странец во родната земја!

Објавено на 7 септември, 2013 во 12:33

Се родила тука и цел живот го поминала во земјава, но државата не ја признава за нејзин граѓанин. Четириесет и осум годишната Дервиша Туркович од Градско мака мачи да извади македонско државјанство.

Пробала и со помош од адвокат но немала пари да го плаќа па обидот бил безуспешен.

„Родена сум во прилепско село и цел живот сум тука, тука се омажев, ниту еднаш не сум излегла од земјава. Барав државјанство но во внатрешни ми велат не може, како може тоа какво право е тоа“, вели Дервиша Турковиќ.

Родителите на Турковиќ кои се по потекло од екс југословенските земји не ја завеле во книгата на државјани на Македонија со што таа и официјално не е впишана како македонка. Морала да извади лична карта како странец, па после осум години и постојан престој во земјава ќе може да добие државјанство. Треба да ја обновува секоја година, но поради беспарица веќе година и пол не го сторила тоа.

„Велат после осум години ќе добиеш лична карта, ама од каде пари јас да ја вадам. Не можам ниту да работам, ниту да земам социјална помош. Кога јас ќе добијам државјанство кога ќе умрам ли“, вели Турковиќ.

Таа е самохрана мајка и поради тоа што нема држајанство не може ниту, а се вработи ниту да зема социјална помош. Болна е па единствено и помагаат нејзините соседи кои велат дека заедно со нејзината ќерка едвај преживуваат.

„Жената навистина е за жалење, болна е, лекови и даваат од милостина, ние и помагаме колку можеме ама од нервоза веќе и девојчето и се разболе“, вели Зулфие Браговиќ, сосетка на Дервиша.

Социјални работници не влегле во домот на Турковиќиако постојано молела за помош во центарот за социјални грижи. Се надева дека  нејзината ќерка која само што наполнила осумнаесет години ќе може да оствари некое од социјалните права во земјава, но моли за помош околу процедурата оти не е способна сама да ги заврши административните работи, а не ги познава доволно ниту нејзините права./Б.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.