Кривична пријава за тројца разбојници
Објавено на 5 февруари, 2014 во 10:40
Кривична пријава за сторено кривично дело разбојништво Секторот за внатрешни работи Велес поднесе до Основно Јавно Обвинителство против лицата Д.П. (24) од Битола, А.К.(23) и З.Д.(24) и двајцата од Прилеп.
„На 25.11.2013година на регионалниот пат Градско-Прилеп на бензинската станица „Макпетрол“, пријавените маскирани, со закана со нож и безбол палка извршиле разбојништво над вработените во бензинската, одземајќи парични средства и 11 кутии цигари, при што нанеле материјална штета од 50 100 денари“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Пријавените, делото го извршиле со претходно одземен патнички автомобил кој подоцна го опожариле./А.Д