Се жнее лебното жито во Градско

Објавено на 15 јули, 2014 во 12:27

На нивите сопственост на АК „Градско“ , годинава,  пченица  има насеано на површина од  450 хектари. Агрономите се задоволни со приносот од 4,4 тони од хектар и очекуваат повисок бидејќи жетвата почнала од парцелите со послаб род.

„Има парцели кои дадоа род од 6 тони, на други ожнеавме 5 тони. Приносот кој го соопштив е земен како средна вредност од досега ожнеаните површини. Тоа се должи на квалитетниот семенски материјал, ѓубрењето и заштита на растенијата за претходно како подготовка го направивме,“ рече раководителот на секторот полјоделство Роби Богевски.

Тој е задоволен од годинешниот принос  и на јачменот насеан на површина од  520 хектари. Исто така  на површина од триесеттина хектари агрокомбинатот  одгледува пченка и луцерка како и домати на површина од 12 хектари./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.