Се жнее лебното жито во Градско
На нивите сопственост на АК „Градско“ , годинава, пченица има насеано на површина од 450 хектари. Агрономите се задоволни со приносот од 4,4 тони од хектар и очекуваат повисок бидејќи жетвата почнала од парцелите со послаб род.
„Има парцели кои дадоа род од 6 тони, на други ожнеавме 5 тони. Приносот кој го соопштив е земен како средна вредност од досега ожнеаните површини. Тоа се должи на квалитетниот семенски материјал, ѓубрењето и заштита на растенијата за претходно како подготовка го направивме,“ рече раководителот на секторот полјоделство Роби Богевски.
Тој е задоволен од годинешниот принос и на јачменот насеан на површина од 520 хектари. Исто така на површина од триесеттина хектари агрокомбинатот одгледува пченка и луцерка како и домати на површина од 12 хектари./A.Д