Жители на Градско ограбиле сиријски државјани

Објавено: 18 септември, 2014, во 09:16 часот

Четири лица од Градско заработија кривична пријава поради сомневање дека сториле кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „разбојништво“.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информира дека лицата Б.Е. (33), И.У.(34) , Б.М. (34) и Ф.Е. (28) сите од Градско, во текот на вчерашниот ден биле изведени и пред суд и им била изречена мерка притвор од 30 дена и лицата биле спроведени во истражниот затвор Скопје.

Пријавените на 16 овој месец околу 01 часот во близина на  железничката пруга, пресретнале четири сириски државјани и заканувајќи им се со земјоделски алати (срп, коса и вила) насилно ги внеле во куќата на првопријавениот каде ги задржале околу еден час, им одзеле 325 евра, 700 денари и три мобилни телефони, по што ги избркале од куќата./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.