Се утврдува идентитетот на лешот изваден од Вардар
Објавено на 15 октомври, 2014 во 12:56
Човечки труп е пронајден во водите на реката Вардар кај село Ногаевци. Трупот кој бил закачен на гранки го забележале случајни минувачи кои вчера попладне веднаш ја известиле полицијата.
Истражен судија, екипа на СВР Велес и противпожарната единица излегле на терен и околу 18 часот го извадиле лешот од водата.
Според првичните информации станува збор за машки труп кој бил во фаза на распаѓање.
Телото е предадено на обдукција и таа треба да утврди кои биле причините и времето кога настапила смртта. Обдукцијата треба да го потврди и идентитетот на несреќниот човек./Д.С