(ОБНОВЕНО) Во тешка сообракајка загина адвокатот Никола Димов
11: 01 – Во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на автопатот Неготино – Велес, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“ загина познат велешки адвокат Никола Димов.
Сообракајката се случила рано утрово, околу 6 часот кога од засега непознати причини возилото кое го управувал адвокатот излетало од автопатот кај местото викано Летиште. Сообраќајката на полицијата и била пријавена на телефон од случајни минувачи. Тие соопштиле дека возило марка „мазда“ со велеки регистерски ознаки излетало од автопатот, се превртело и во него имало еден патник.
На местото на несреката увид направија основен јавен обвинител од Кавадарци и екипа на полицијата. Телото на загинатиот Димов е предадено на семејството.
Никола Димов беше познат адвокат во Велес кој претходно неколку години ја извршуваше функцијата јавен правобранител за општините Велес и Неготино./Б.Н
09: 40 – Во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на автопатот Неготино – Велес, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“ загина познат велешки адвокат.
Сообракајката се случила рано утрово кога од засега непознати причини возилото кое го управувал адвокатот излетало од автопатот.
На местото на несреката увид прават основен јавен обвинител од Кавадарци и екипа на полицијата./Б.Н