„И јас и ти сме пешаци“- превентивна активност на СВР Велес во Кавадарци

Објавено на 13 септември, 2023 во 09:47

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во Кавадарци спроведа превентивна активност насловена „И јас и ти сме пешаци“. За време на акцијата полициските службеници разговараа со граѓаните и особено апелираа за давање предност на пешаци но и потребата пешаците да ги почитуваат правилата.

-Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, полициските службеници укажуваа и појаснуваа за потребата од доследно почитување на сообраќајните правила и прописи и почитувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација во насока на намалување на сообраќајните незгоди, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Полициските службеници на граѓаните им делеа и едукативни летоци со информативна содржина од оваа област. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.