Илија Панов од Кавадарци осуден на 16 години затвор за убиството на партнерката 

Објавено: 2 декември, 2025, во 13:15 часот

Основниот суд Кавадарци го осуди кавадарчанецот Илија Панов на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана. Во јануари годинава, МВР првично соопшти дека жената која беше пронајдена мртва била пронајдена од ќерката додека уапсен беше нејзиниот партнер Илија Панов (42) од Кавадарци.

-Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци. Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица. Додека, по преземени мерки од полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР и по извршени вештачења и анализи во координација со ОЈО Кавадарци, обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото, информираа од МВР.

ОВР Кавадарци против Илија Панов поднесе кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик – „убиство“, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена. Тој беше спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.