Кавадарчанец лишен од слобода за заканување на полициски службеници
Објавено: 14 ноември, 2022, во 11:46 часот
Осумнаесет годишниот Ж.Ј од Кавадарци во раните утрински часови на вчерашниот ден бил лишен од слобода затоа што попречувал полициски службеници на ОВР Кавадарци при превземање службени дејствија и им се заканувал.
Попречувањето во работата и упатените закани се случиле во 2:50 часот, во недела.
„Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дума.мк


