Јајцата од потполошка лекуваат! (Видео)
Откако се увериле во лековитите својства на јајцата од потполошка започнале да ги одгледуваат овие птици и тоа да им биде семеен бизнис.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=-ppvWhluAuw{/youtube}Семејството на Атанас Ангелков од Кавадарци од далечната 1965 година ја познава лековитоста на јајцата од оваа мала птица. Таткото на Атанас боледувал од чир на желудник и разбрале дека единствено ќе му помогнат во лекувањето на болеста ако му даваат јајца од потполошка.
“Бевме во Белград со братми. Купивме јајца од потполошка. Му се излечи чирот на татко му“ раскажува овој кавадарчанец.
Откако лично се увериле во лековитите својства решиле да направат фарма за потполошки, а потоа развиле и семеен бизнис.
“Кога видовме дека има ефект купиме и пиленца од таму. Во тоа време одгледувавме по 800 потполошки. Дневно по 800 јајца добивавме и сите ги продававме без да се рекламираме. Тогаш немаше реклама. Имаат лековито својство. Луѓето го знаат тоа. Пред се претставуваат енергетска храна за болните, за децата. Има и состојки кои го подмладуваат и зајакнуваат организмот“ рече Ангелков.
Ангелков вели дека потполките ги одгледувале цели 15 години. Потоа направиле пауза, но се предомислиле и со сопругата повторно ја отвориле фармата на која стигнале да одгледуваат вкупно 400 потполошки.
“ Пак имавме пауза и сега пак продлживме . Сега имаме околу 140 потполошки.“ вели Ангелков. Според него воопшто не е едноставно да се одгледуваат овие птици, бидејќи тие се специфични и имаат посебен режим на чување.
“Во зима бараат греење. Температурата да не е под 18 степени бидејќи се намалуваа носењето на јајца.“ рече Ангелков.
сега Ангелкови ја оформуваат фармата на која сакаат сериозно да и се посветат. Тие планираат таа да стане пак нивен семеен бизнис кој што ќе го легализираат.
“Доколку се зголеми интересот ќе планираме и за проширување на фармата. Порано ги продававме од дома, а сега ги има и во маркетите. Но можат да дојдат кај нас дома и да си купат во секое време свежи јајца“. Овој човек кој е уверен во лековитоста на јајцата од потполошки. Освен него во полезноста од конзумирањето исто така се увериле и голем број на граѓани. И сто така и експертите ги препорачуваат да де користат во исхраната, но и како лек за повеќе болести.
Праксата покажала дека помагале во лекувањето на анемии, регулирање на крвен притисок, главоболки. Го јакнеле имунитетот, лекувале бронхити, пневмонии, астма и чир на желудник. За дијабетичарите неделно биле доволни и само шест јајца од потполошка.