Плафон од гипс паднал во кавадаречка дискотека!

Објавено на 4 февруари, 2013 во 11:20

Во неделата околу 2 часот е избегната поголема катастрофа откако гипсен плафон паднал врз тинејџери во кавадаречка дискотека.

Во тој момент околу деведесет млади се забавувале во дискотеката, но нема потешко повредени.

Очевидци кажуваат дека гостите успеале да го задржат плафонот од гипсена плоча, а веднаш реагирало и обезбедувањето на објектот. За брзо време гостите го напуштиле објектот.

“ Неколкумина беа удрени по глава, но сериозно повредени нема. Само едно девојче се жалеше на повреди. Додека неколкумина го држевме откорнатиот плафон, другите тргнаа кон долниот кат од дискотеката. Веднаш дојде обезбедувањето и тоа ја презеде нашата работа, а нам ни рекоа да се симнеме долу“ рече момче кое било во тој момент во дискотеката.

Сопственикот  на дискотеката објаснува дека плафонот бил од кнауф плоча која не била тешка и животот на гостите не бил во опасност.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.