Загина возач на цистерна!
Објавено на 10 февруари, 2013 во 17:22
Попладнево околу 14 часот во несреќен случај загинал 52 годишниот С.Н од Кавадарци.
Тој бил приватен превозник во кавадаречката фирма “Елта“. Починал на лице место во кругот на “Фени индустри“ откако му пукнала врата од цистерната која била под притисок. Правел обид да ја растовари цистерната која била полна со бентонит.
Од кавадаречката полиција го потврдија случајот и повеќе информации најавија за утре. Истражни органи извршиле увид на местото на несреќата.