Китев: “ Шест пати повеќе ќе имам мотив да ги убедувам граѓаните да не излегуваат на избори“!
Објавено: 27 февруари, 2013, во 19:31 часот
М-р Бетиан Китев кој беше избран за кандидат за градоначалник на опозицијата за Кавадарци вечерва во вестите на кавадаречката телевизија КТВ потврди дека нема да учестува на изборите.
Тој ќе ја почитувал одлуката за бојкотирање на локалните избори.
Истакна дека на овие избори на граѓаните ќе им се понуделе два концепта, едниот промоција на кандидати, а другиот бојкот на изборите. Според него опозицијата била единствена во одлуката за бојкот и немало несогласувања какви што сакала да прикаже власта.
“Така како што 6 месеци водевме кампња, така и во тие 20 дена од кампањата за ибори ќе се потрудиме да убедиме што повеќе граѓани да не излегуваат на избори ако биде забетонирана одлуката за бојкот.Во партијата во овој момент нема атмосфера каква што сака да прикаже ДПМНЕ. Затоа на конвенцијата во Куманово кажавме дека се работи за бетон партија.Само еден од утврдените кандидати на опозиијата се истрча и објави кандидатура. Тврдам дека нема тоа да се случи од никој друг. Во опозицијата има единство. Ако партијата дефинитивно одлучи да ги бојкотира изборите најмалку 6 пати повеќе ќе имам мотив да ги убедувам граѓаните да не излегуваат на избори“ рече Китев и смета дека власта треба да покажела поголема почит кон опозицијата која на последините избори освоила 370.000 гласови.
“Разумен политчар разговара,а не создава раздор и не купува човечки души. Тие сакаат опозицијата да биде уништена. Сакаат да прикажат раздор и несогласување во опозицијата, нешто што не е така. ВМРО –ДПМНЕ во овој момент е во една голема каша. Незнам како ќе испадне од таа каша. За излез од оваа полтичка криза единствено решение се предвремени парламентарни фер избори, за да каже народот во кој правец треба да тргне Македонија. За доброто на државата е да се врати нормален демократски амбиент и почитување на опозицијата.“ рече Китев на гостувањето на вестите на КТВ. / А.Д
