Изборниот законик е изменет – ќе има ли фер плеј кампања!?

Објавено: 3 март, 2013, во 11:02 часот

Едногласно, со  84 гласа „за“ и еден „против“, без дискусија, Собранието ги изгласа измените во Изборниот законик. Со ова рокот за пријавување на кандидати за градоначалници и советници е продолжен  до 8-ми март на полноќ.

Измените условуваат  не го кратат рокот за изборно претставување на учесниците во изборите. Но кампањата веќе почна. Деновиве беа промовирани кандидати за градоначлници и советници, се дели пропаганден материјал на терен а за денеска се закажани и промоции на изборни програми.

Сето ова се случува надвор од законскиот рок за почеток на изборната кампања. Се поставува прашањето дали прекршувачите на законот ќе бидат и соодветно санкционирани.

Кампањата активно се спроведува и на социјалните мрежи. Се споделуваат фотографии и видео материјали од средби со граѓани и посети на институции. Се лобира на големо. На кандидатите важен им е секој глас, а не дали е време за кампања или не.

Граѓаните ќе бидат во фокусот на интерес на партиите и независните кандидати. Ќе им се ветува работа и друг вид на лична корист. Но очигледно е дека граѓаните имаат капацитет да ги препознаат вистинските вредности и капацитети на кандидатот кој може да ги подобри условите во општините и ќе направат мудар избор.

Локалните изборите ќе се одржат на 24 март. На партиите и независните кандидати им остануваат уште дваесеттина  дена за официјално преставување и користење на сите легални можности за да ги придобијат гласовите на граѓаните.

Со петочниот договор за учество и на опозицијата на избори Македонија потврди дека има демократски капацитет и се создадоа услови за напредок за интеграција на земјата во ЕУ.

Сега, до 24 март, останува партиите и независните кандидати уште еднаш да потврдат дека прават се што е во интерес на граѓаните и законот. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.