Колку се почитуваат правата на жените?

Објавено: 8 март, 2013, во 12:47 часот

Жените празнуваат. Денеска е нивниот ден, но нивната борба за рамноправност со мажите е непрекината. Сакаат рамноправност во текот на целата година. Многу од нив велат дека воопшто не им е значајно само во текот на еден ден да бидат почитувани и тој  да го празнуваат.

Многу жени директно се вклучени во процесот на добивање на родовата рамноправност. Поранешната пратеничка во парламентот, Ана Андова, психолог по професија, со години волонтерски учествува во подобрувањето на женските права. Учествувала во донесувањето на законот за еднакви можности  и изборниот законик. Вели дека правата не се стекнуваат туку истите се освојуваат.

“Ние сеуште можеме да зборуваме за големи разлики, за екстреми во поимањето на родовата еднаквост и во реализирањето на законските решенија или во остварувањето на законските решенија за правата на жените. На глобално ниво на конференцијата во Пенкинг беа утврдени и дефинирани милениумските цени за третиот милениум,  каде влезе и родовата еднаквост. Има огромни разлики на светско ниво. Сеуште можеме да зборуваме дека постои тотална дискриминација во однос на родот и правата. Во таа смисла започнат е процес на ревидирање на псотавените милениумски цели.  Темпото на остварување на правата во глобални рамки неможе рамноправно секаде да се релаизира“ вели Андова.

Нагласува дека сепак е добро што овој процес е започнат и постојано се работело на  подобрување на целите, политиките и механизмите, и поефикасно истите да се пренеле од глобално ниво и во локални рамки.

Ваквиот процес според Андоватреба да заврши до 2015 година.

Жените во Македонија веќе имаат остварено права кои што ги заслужуваат. Вклучени се во политиката, во образованието, но и во сите општествени сфери.

“Сеуште не се објавени јавно статистичките податоци околу состојбите со правата на жената во Македонија. Де јуре имаме една поволна ситуација, меѓутоа дефакто состојбите се поразличлни. Со години наназад процентот на дипломирани жени е поголем од дипломирани мажи  но пристапот до работа е различен. Сеуште постои голем дисбаланс. Тоа можеме да го видеме сите. Ние како општество,  за жал, не само како земја на транзит, туку сега  и земја на потекло  се соочуваме се повеќе со трговија на жени и девојки. Мораме да дејствуваме со формално и неформално за надминување на оваа појава“ објаснува Андова.

Правата се исти и важат секаде, но сотојбите се поинакви. За разлика од минатото сега и руралната жена ги чувствува благодетите од женските права. Исто така жените се се` повеќе застапени во политиката.

“Жената во политиката е процес кој има свој развој. Прво беше 30 % застапеност,  па потоа се дефинираа и позициите на листите.  Има министерки, некогаш повеќе,  некогаш помаклку. Во делот на образованието жените се доволно застапени, но во бизнисот се помалку застапени. Во топ менаџментот на компаниите сепак се случува да учлестува и жената . Спремноста и компетентноста треба да ја водат позицијата, а не половата припадност“ нагласува Андова.

Поборниците за женските права велат дека сеуште женскиот труд се екслоатира во светски рамки, но и кај нас, бидејќи е помалку платен од машкиот труд.  Семејно насилство се случува иако го има во двата правци, се стигматизира однсувањето пред се на жената.

Андова вели дека и понатаму се води од желбата да се освојат што повеќе права за жените. Упати честитка до сите припаднички на понежниот пол и порача: “ Колку повеќе меѓусебно се почитуваме , мажите и жените, колку повеќе се грижиме за правата на едните и другите толку поголем ќе биде и учинокот врз критериумите и условите кои го прават нашиот живот ваков или таков “./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.