Автобусот на Европа допатува во селото Ваташа!
Кога Македонија ќе стане членка на Европската Унија, како се одвива процесот на приближување кон унијата и финансиската помош што ја нуди ЕУ. Ова беа главно прашањата за кои се интересираа жителите на селото Ваташа при денешната посета на претставници на Делегацијата на Европската Унија во Македонија во рамки на информативната кампања „ЕУ одблизу“.
ЕУ автобусот пристигна во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Ваташа каде беше поставен и штанд со промотивни материјали кои говорат за Европската унија.
„Оваа активност е дел од 9 ти мај – денот на европа. Го користиме периодот за прославување и одбележување на Европската Унија., Сакаме директно да дојдемне во неколку села. Тука сме да разговараме со ученисте, наставниците, но и со жителите од ова село. ЕУ се креираше пред многу години. Тоа е еден мировен проект, проект за соработка. Се надеваме дека еден ден Македонија ќе стане членка на ЕУ, бидејќи Македонија е во Европа но, сеуште не е во унијата. Земјите членки се помагат една со друга. Буџетот на унијата се користи за помагање на понеразвиените земји“ рече Клаине нагласувајќи дека ЕУ има за цел да стане поголема сила во светот“ рече Марин Клауке, раководител на одделот за оперативни работи во канцеларијата на ЕУ во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов искажа благодарност за подршката што ја добива општината при финансирањето на голем број проекти кои веќе се реализираа./ А.Д