Загина тракторист кај селото Манастирец!

Објавено на 28 мај, 2013 во 19:07

Шеесет и осум годишниот Борис М. од селото Манастирец, кај Кавадарци загина доцна попладнево во сообраќајна несреќа со трактор.

Несреќата се случила во 18 часот и 10 минути, на местото викано Среден рид, а Борис го управувал тракторот, кој се превртел, а тој загинал на лице место.

– Увидна полициска екипа е замината на местото на несреќата. Таа ќе треба да ги утврди причините – рече портпаролот на СВР Велес, Ненко Александров.

Борис, денеска, е втора жртва во несреќа со трактор. Трактор околу 14 часот се преврте и крај кумановското село Живање кога загина Момчило А. додека сопатник кој се возел на тракторот се бори за живот на скопските клиники./Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.