Едукацијата на граѓаните придонесе за намалување на бројот на пожари

Објавено на 12 ноември, 2013 во 12:41

Намален е годинава бројот на пожари во Кавадарци, како на отворен така и во затворен простор. Годинава се евидентирани помалку 45 пожари,  споредено со минатата година.

Од општинскиот противпожарен сојуз велат дека намалениот број се должи на зголемениот степен на едукација на граѓаните, а со тоа се зголемила и свеста кај нив.

 

“Ги посетуваме и сточарите и мештаните во ридско планинските подрачја се со цел да ги едуцираме како да реагираат доколку забележат почеток на пожар . Исто така се едуцира населенитето и во урбаните средини со посредство на медиумите, се со цел да се намалат бројот на пожари на отворен простор. Слободно можам да кажам дека во изминативе две-три години имаме помалку пожари, благодарение на таа едукација“ рече Петко Ристовски, претседател на општинскиот против пожарен сојуз Кавадарци.

Денеска во кавадаречката гимназија основци и средношколци се натпреваруваа во знаење на тема пожар на отворен простор и во урбани средини. Квиз натпреварот е организиран од Републичкиот противпожарен сојуз во соработка со општинскиот.

Ристовски нагласува дека и ваквите натпревари се во насока за подигнување на свеста кај младите за пожарите и намалување на нивниот број. Тој е задоволен од знаењето кое го покажале ученциите од основните и средните училишта во Кавадарци на тема поврзана со пожарите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.