Ја сака природата, изгради паркче, а некој го уништува неговиот труд

Објавено на 13 ноември, 2013 во 10:46

Миле Цоневски е пензионер од Кавадарци. Голем вљубеник во природата  на која и го посветува целото свое слободно време. Го сака зеленилото и сета убавина што тоа ја пружа.

Цоневски вели дека зеленилото сака да го одгледаува, да го подигнува бидејќи така ги исполнува пензионерските денови па затоа се решил да изгради мини парк. Сега овој кавадарчанец е револтиран. Неосвесни граѓани посегнале по неговиот труд  кој го вложил за изградба на мини паркот пред  зградата во која живее.

„Добро е ако не има во поголем број граѓани кои сакаме децата од нашите згради и станбени објекти да имаат убаво зелено катче за рекреација. На убавото треба да се радува секој, а не само поединци кои сакаат да придонесат за почист воздух и убаво среден простор , рече Цоневски.

Тој и неговото семејство бараат помош за заштита на веќе изграденото паркче. Од вандалите ќе побараат да ги штити и локалната власт. Се надева дека љубовта кон природата и доброволната работа што ја вложил за средување на дворот . Ја бара поддршката на своите соседи, пријатели и познаници бидејќи смета дека само така може да се штити природата.

Цоневски долги години како полицаец во безбедноста на сообраќајот на кавадаречките улици се грижеше за своите сограѓани./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.