Лабрадор каснал дете, а неготинец навредувал полициајци
Викендов што помина во Кавадарци и Неготино поминал генерално без посериозни инциденти. Она што може да се издвои од полицискиот билтен е каснатото дете од лабрадор во Кавадарци и навредувањето на полицајци од страна на неготинец кој го нарушил јавниот ред и мир.
Првиот случај во кавадаречката полиција е евидентиран во 19.30 часот. Пријавата се однесува на држење на куче без заштитна маска. Имено, некаде околу 15.50 часот дете било каснато од лабрадор за десната потколеница кога поминувало по улица. Кучето излегло од дворот на куќата во која било чувано и се стрчало право кон детето, по што го каснало, рекоа од полицијата.
„Синоќа околу 21.40 часот неготинец го нарушувал јавниот ред и мир. Била викната полиција а кога полицајците пристигнале биле навредувани и омаловажувани од лицето кое го нарушувало јавниот ред и мир. Ќе заработи соодветна пријава-“ рече порптаролот на СВР Велес Анитеа Стојковска./А.Д
