„Внимание, заморот и брзината во сообраќајот убиваат“
Туристичката сезона влегува во полн ек, а тоа значи дека следува зголемена фрекфенција на возила како меѓурегионално така и транзитно низ подрачјето кое го покрива кавадаречката полиција. Од особено значење за безбедноста во сообраќајот се патните правци А1 – Градско Прилеп , Р1 , 103 Мотел Дреново, Кавадарци-Неготино и Р1 107 Росоман Кавадарци Мушов Гроб, велат од полицијата и нагласуваат дека во лето на овие патни правци за време на туристичката сезона се бележи зголемен број на сообраќајни несреќи.
Поради тоа отсекот за превенција во содејство со сообраќајната полиција овој месец и наредниот ќе спроведува воспитно превентивна акција со наслов „Внимание заморот и брзината во сообраќајот убиваат“ ,информира самостојниот инспектор за превенција по сообраќајни работи Диме Точков.
На терен низ посочените патни праљвци излегоа полициките службеници со цел да извршат усно предупредување за возачите и да им поделат едукативни флаери со совети и препораки за во сообраќајот. Беа контролирани неколку возила кој главно ја почитуваа брзината и останатите сообраќајни правила.
Популарниот полициски радар сведочеше за брзината со која се движеа по патниот правец Кавадарци – Росоман, а полициските службеници делејќи флаери ги вршеа и останатите контроли.
„Целта на акцијата е пред се подигање на сообраќајната свест и култура кај возачите во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и испраќање порака до сите учесници во сообраќајот дека прекршоците поврзани со неприлагодената брзина и возењето под замор се едни од водечките причини за сообраќајни незгоди“ рече Точков.Покрај превентивно, полицијата за возачитре што ги прекршуват сообраќајните правила и прописи ќе делува и репресивно.
