До крајот на јули две вонредни крводарителски акции

Објавено на 16 јули, 2014 во 13:33

Летото и високите температури ги зголемија потребите од резервни единици од крв. Поради тоа до крајот на јули ќе се одржат две вонредни крводарителски акции, најавија од ОО на Црвен Крст Кавадарци.

„Првата утре, а е во организација на МВР, Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина. Домаќин е граничната полиција-регионален центар југ. Крв ќе се дарува во периодот од 9 до 13 часот. Покрај припадниците на граничната полиција крв можат да даруваат и вработените во полициската станица Кавадарци. Втората вонредна акција за крводарување е закажана за 24 јули во просториите на Црвен Крст од 8.30 до 15 часот“ рече Розе Илова, секретар на Црвен Крст Кавадарци. Таа нагласи дека на втората акција крв ќе може да даруват сите хумани луѓе од општината.

Традиционално во лето, зголемената потреба од крв се надополнува преку организирање на три до четири вонредни крводарителски акции, велат од Црвен Крст и потенцираат дека во лето се бележи зголемен број на сообраќајни и други незгоди, па мора да се има и резервни крвни единици.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.