ФОТО: Кавадарчани од денеска се разладуваат во градскиот базен

Објавено на 26 јули, 2014 во 12:54

Реконструиран и во ново руво градскиот базен во Кавадарци и официјално од денеска е во фунцкија.

Кавадарчани имаат можност да се разладуваат и рекреираат. Сега нема потреба повеќе секојдневно да патуваат во Неготино, бидејќи таму се забавуваа додека беше затворен кавадаречкиот базен. Во функција се ставени и двата базени, големиот кој е со олимписки димензии  и малиот кој е наменет за најмладите.

Целосното се санирани и обновени  двата базени и сите пропратни делови  код комплексот градски базен. Посетителите на располагање  имаат и целосно реновирани соблекували, туш кабини, тоалети и лежалки. Во функција се ставени и сите шанкови .

Базенот ќе работи секој ден од 10 до 18 часот, а покрај во дневното, кавадарчани ќе имаат можности да уживаат и во ноќното капење. Целодневниот билет е 70 денари, а посетителите добиваат со влезницата добиваат и гратис сладолед

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.