Опозицијата во кавадаречкиот совет ја напушти денешната седница

Објавено на 27 август, 2014 во 15:07

Одлуката за именување на улици во Кавадарци дали да биде на дневен ред или не ги раскара советниците од опозицијата и власта во кавадаречкиот совет. Откако владеачкото мнозинство одлучи сепак да се формира комисија и да се усвои одлуката за имиња на улиците кои досега не биле именувани опозицијата демонстративно ја напушти седницата.  Според нив совениците од власта покажале самоволие.

„Советниците од власта промовираа самоволие протнувајќи ја на сила точката за именување на улици во Кавадарци. Надвор од законот,  кршејќи го и деловникот и статутот на општината на иста седница се формира нова комисија,  без да се разреши претходната комисија,  чиј мандат не е определен со одлуката за формирање на таа комиија. Ние од опозицијата не сме против именувањето на улиците,  но сме на страната на почитување на процедурите“ рече по напуштањето на седницата на прес конференција советникот Горан Белевски и праша зошто градоначалникот не присуствувал на седниците на кои се водело расправа за важни точки, како што тоа било денеска.

Претседателката на советот, Горица Пеливанова-Вилхелм смета дека опозицијата наместо да работела во интерес на граѓаните повторно се ставила во интерес на партиските интереси.

„Опозицијата со напуштањето на седницата покажа целосна неодговорност за потребите на граѓаните. Нивниот гест е целосно неоправдан, бидејќи намерно се пролонгира решавањето на егзестинционалното прашање на граѓаните,  да добијат име на улиците каде живеат,  а тоа е поврзано со нивните основни човекови потреби“ рече Пеливанова-Вилхелм.

И покрај проблемот кој ја предизвика одлуката за имиња на улици во градот сепак таа беше едногласно усвоена.  Од дневен ред беше повлечена одлуката за преименување на градскиот плоштад, која изминативе денови беше повод за многу коментари по социјалнит е мрежи. Предлагачот им остави простор на граѓаните да се изјаснеле кое било вистинско име што треба да го добие центарот на градот. Додека ќе трае таа постапка за ипитување на јавното мислење Маршал Тито и понатаму ќе биде името на градскиот плоштад во Кавадарци./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.