Аризанов: „Винеа ќе го исплаќа долгот на лозарите“
Лозарите кои имаат стари побарувања од винарската визба „Винеа“ најверојанто ќе ги добијат парите за грозјето. Денеска претседателот на Агротиквешија, Љупчо Аризанов упати повик до сите нив во текот на утрешниот ден да се обратат до граѓанскиот центар при општина Кавадарци со цел да се евидентираат нивните побарувања и најкасно до понеделник да им било исплатено грозјето.
„ Визбата најави дека до понеделник ќе го исплати долгот кон сите лозари кои грозјето го предале директно во визбата, а не кај други откупнувачи кои работеле за визбата.Не станува збор за големо поварување. Се работи за околу 30 илјади евра. Откако ќе го исплатат грозјето ќе си ја повратат лиценцата за откуп на грозје и годинава“ рече Аризанов.
Аризанов денеска рече дека и „Повардарие“ како најголем откупувач се подготвувал за исплата со цел да се вклучи во откупот на грозје, но не знаеше колку лозари се опфатени со првата исплата./А.Д
